Како завршија земјите од регионов на Олимписките Игри?

Земјите од Балканскиот полуостров освоија 53 медали на Олимписките Игри. Се освојуваа одличја и во индивидуални но и во екипни спортови. Некои земји имаа солидна берба летово.

Унгарија имаше историски настап со фасцинантни 18 медали од кои дури 6 златни, 7 сребрени и 6 бронзени. Унгарците освојуваа медали во мечување (злато, сребро и бронза), маратонско пливање (злато и сребро), современ петтобој (злато), пливање (2х злато и 1 сребро), таеквондо (злато), кану спринт (4х сребро и 3х бронза), стрелаштво (бронза).

Романија со 9 освоени медали е една од поуспешните од подалечниот регион а имаат 3 злата:

2 во веслање и 1 во пливање. Има 3 сребра во веслање, во кревање тегови освоија 1 сребро а бронзен медал имаат и во пливање. 

Злато им донесе сјајниот пливачки феномен, младиот Давид Поповичи на 200 метри слободно а две злата освоија и во веслање во машки двојки Корнеа/Еначе и во женски осмерец исто златен медал.

Во веслање Романците имаат и три сребра: во двојки жени Виринчеану/Ангел, во двојки жени скулс Боднар/Радис и во лесна категорија жени двојки скулс ван Гронинген/Козмиуц.

Сребро освоија Романците и во кревање тегови во женска категорија до 49 килограми - Михаела Валентина Камбеи. Во уметничка гимнастика бронза им донесе Ана Барбосу а со бронза се закити и Давид Поповичи на 100 метри мажи слободен стил.

Бугарија има 7 медали:

3 злата, 1 сребро и 3 бронзи. Бугарите освоија две злата во борење грчко римски стил до 87 килограми - Семен Сергеевич Новиков и слободен стил до 86 килограми - Магомед Елдарович Рамазанов., 1 во кревање тегови - Карлос Маи Насар, 1 сребро во ритмичка гимнастка - Борјана Калеин, 1 бронза во бокс - Хавиер Ибањез Дијаз мажи до 57 килограми, бронза во таеквондо -Ализадех Кимија и бронза во кревање тегови Божидар Димитров Андреев. Вкупно седум одличја за нашиот сосед.

Србија освои 5 медали од кои: 3 злата, 1 сребро и 1 бронза. Во финишот на Олимписките Игри Србија се закити со злато во ватерполо по големиот триумф над ривалот Хрватска во финале. Претходно злато на Србите им донесе Новак Ѓоковиќ во историското финале со Алкараз, а пред него првото злато во Париз за Србија го освоија Зорана Аруновиќ и Давор Микец во мешани двојки во стрелаштво.

Бронзен медал за Србија донесоа кошаркарите кои во дуелот за 3 место ја совладаа Германија а сребро освои и таеквондистката Александра Перишиќ во категорија до 67 килограми.

Хрватска има 7 медали: 2 злата, 2 сребра и 3 бронзи. 

Хрватска има златен медал во џудо (Барбара Матиќ во категорија до 70 килограми) и во веслање (мажи пар Синковиќ/Синковиќ).

Сребро на Хрватите им донесоа уште и тенисерката Дона Векиќ која загуби во финале, како и машката ватерполо репрезентација која во финалето загуби од Србија. Бронзени медали за Хрватска стигнаа во: фрлање диск (Сандра Елкашевиќ), стрелаштво (Миран Маричиќ) и во таеквондо (Лена Стојковиќ).

Словенија има 3 медали: 2 злата и едно сребо. Злато за Словенците освоија џудистката Андреја Лески во категорија до 63 килограми жени, како и во спортско качување Јања Гарнбрет. Сребро во едрење освои Тони Водишек.

Грција освои 8 медали од кои: 1 злато, 1 сребро и 6 бронзени одличја. Златна радост на Грците им донесе Милтиадис Тентоглу во скок во далечина. Сребро освоија во пливање мажи на 200 метри грбно - Апостолос Христу, а бронзи освоија во уметничка гимнастика (мажи Елефтериос Петруинас), во скок со стап - Емануил Каралис, во џудо Теодорос Целидис категорија мажи до 90 килограми, во веслање х2 бронзи - во женски дубл Конту/Фитсиу и во машки дубл Папаконста/Каидацис. Освоија Грците бронзен медал и во борење, во слободен стил мажи до 86 килограми - Даурен Кургулиев.

Турција освои 8 медали: 3 сребра и 5 бронзи.

2 сребрени одличја освоија во бокс: жени до 50 килограми - Бусе Нас Чакироглу и жени до 54 килограми - Хатиџе Акбас. Во бокс освоија и бронзен медал во категорија жени до 57 килограми - Есра Јилдиз Караман. Сребро им донесе можеби најголемиот хит на Летните Олимписки Игри во Париз, Јусуф Дикеч во пукање со воздушен пиштол на 10 метри, а бронзи освоија во таеквондо - категорија жени +67 килограми - Нафиа Кус Ајдин и 2 бронзи во борење, жени слободен стил до 68 килограми Бусе Чавушоглу Тосун и мажи слободен стил до 125 килограми - Таха Акѓул.

Молдавија освои 4 медали - 1 сребро во борење - жени слободен стил до 57 килограми Анастасија Ничита и 3 бронзи: џудо Денис Виеру до 66 килограми  и џудо Адил Османов до 73 килограми. Бронзен медал за Молдавија освои и Сергеј Тарновичи во кану слободен стил мажи на 1.000 метри.

Албанија освои 2 медали: во борење мажи слободен стил до 65 кила - Ислам Дудаев и мажи слободен стил до 74 кила Чермен Валиев.

Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора останаа без медали од овие Олимписки Игри а Бих и Црна Гора сè уште чекаат на прв медал од ЛОИ, додека Македонија има од Сиднеј (борење/Могамед Ибрагимов, слободен стил до 85 килограми) и Токио 2021 (таеквондо/Дејан Георгиевски).

Косово освои 2 медали - и двете во џудо во женска категорија. Сребро освои Дистрија Красничи во категорија до 52 килограми, а бронзен медал освои Лаура Фазлиу во категорија до 63 килограми.

Кои се кралот и кралицата на Олимписките Игри со најмногу злата?

12 август 2024 - 08:18