Кинеската со најнегативен тениски рекорд

Тенисерката Жанг Шуаи изгуби во 1. коло од ВТА турниот во Синсинати (САД) со 6:4, 6:4 од руската тенисерка Дијана Шнајдер. Ова и не би било некоја неверојатна вест ако со овој пораз Кинеската не стаса до многу насловни страни.

Жанг Шуаи со поразот во 1. коло на турнирот во Синсинати стигна до 22 пораз по ред на тениските турнири што е нов негативен рекорд во машки и женски тур од овој спорт.

Нејзиниот лош учинок и поразителна серија трае од февруари минатата 2023-та година. До синоќа била израмнета со Винс Спејд, одамна пензионираниот американски тенисер кој во еден момент беше дури и 18-ти на светската ранг листа.

Спејд во периодот ноември 1999-та до јуни 2000-та година забележал дури 21 пораз по ред!

Кинеската Жанг Шуаи последен пат славела триумф на 31-ви јануари минатата година во 1. коло од турнирот во Лион каде ја победила Медисон Бренгл. Од тогаш на секој старт на сите турнири досега забележала дури 22 порази.

Таа има 35 години и во моментов е 689-та на женската ранг ВТА листа. Минатата година била 22-ра на светот па забележала драстичен пад.

15 август 2024 - 12:33