Како Синер го среди Алкараз за 135 минути

Во финалето на АТП завршниот турнир на годината во Торино, Италијанецот Јаник Синер го совлада Карлос Алкараз со 2-0 по сетови: 7:6, 7:5. Синер на тој начин ја круниса годината во која освои две Грен слем титули и се враќа на првата позиција каде досега беше токму Алкараз. Ова беше нивен 16-ти меѓусебен дуел и во моментов Алкараз води 10:6 во триумфи. За Синер ова беше 24-та титула во кариерата.

 

17 ноември 2025 - 13:37