И покрај стомачните тегоби кои ги имал утринава, нашиот државен првак си го оствари сонот и стана прв македонски преставник во маратонската олимписка трка.
Ивановски заврши на 69-та позиција од вкупно 81 натпреварувач со време од 02:28:15, што е под неговиот рекорд, кој изнесува 02:08:26 поставен во Шпанијa.
Финишот го мина гордо, со знамето в рака, но и со грч во лицето по што легна на земја после проблемите поради кои не беше во својот посакуван ритам.
Златниот медал го освои Тамират Тола од Етиопија кој ја оствари победата со време 2:06:26 и запиша нов олимписки рекорд.
Среброто е за Башир Абди од Белгија со 20 секунди послабо време, а бронзата за Бенсон Кипруто од Кенија.
Со настапот на Дарио Ивановски, завршија настапите на шестмината наши претставници на Олимписките игри кои инаку завршуваат утре.