Формула 1

Хамилтон ја освои Хунгароринг и го прескокна Розберг

Возачот на Мерцедес, актуелниот првак во Формула 1, Луис Хамилтон славеше на трката за Големата Награда на Будимпешта и првпат сезонава е прв во генералниот пласман, пред клупскиот колега.

Иако Нико Розберг стартуваше од пол позицијата, Британецот на крајот беше подобар од клупскиот колега и сега има 192 бодови, шест повеќе од Германецот кој има 186. Пилотите на Мерцедес практично се одвоија во борбата за шампионскиот пехар со оглед на тоа што третиот Даниел Рикардо од Ред Бул има 115 бодови и заостанува зад нив.

Денешната трка беше решена практично на самиот старт кога Хамилтон во првиот круг го претекна Розберг кој беше на пол позицијата.

Рикардо заврши денес трет, а Себастијан Фетел на Хунгароринг како четврти ја заврши трката. Марк Ферштапен од Ред Бул го освои петтото место, а бодови попладнево освоија уште и Кими Раиконен, Фернандо Алонсо, Карлос Саинс, Валтери Ботас и Нико Хилкенберг.

„Почетокот на трката реши се. Добро тргнав, имав еден болид на Ред Бул од внатрешната страна, така што имаше многу голем притисок во првиот ред. Каков ден! Мило ми е поради тимот, направија неверојатна работа", изјави после трката Луис Хамилтон.

Следната трка се вози следниот викенд во Хокенхајм (Германија) а потоа следи белгискиот Спа-Франкошарн. Последната трка во Европа за сезонава се вози во Монца. Денешната трка во Унгарија беше 11-та во сезоната.

 

24 јули 2016 - 19:15