Фантастичниот Словенец Превц постави нов светски рекорд!

Неверојатниот Словенец Домен Превц на последното натпреварување од Светскиот Куп постави нов светски рекорд.

Epa images
Epa images
Epa Images

Превц скокна дури 254,5 метри и го урна досегашниот рекорд кој на 18-ти март 2017-та година, пред речиси точно 8 години го постави Австриецот Штефан Крафт кој леташе 253,5 метри.

Превц не го освои првото место пред домашната публика и покрај тоа што постави нов светски рекорд за најдолг скок во скијачки скокови.

Неговиот сонародник Анже Ланишек имаше одлични скокови, првиот долг 247,5 метри со кој освои 233,3 бода, а вториот скок му беше 241,5 и му донесе 248,8 со што вкупно собра 482,1 метар, доволни за голем триумф на Светскиот Куп.

Домен Превц го заврши Светскот Куп со 475 поени. Првиот скок му донесе 229,7 поени а за историскиот лет кој е и светски рекорд, му донесе 245,3 бода. Трет на подиумот заврши Германецот Андреас Велингер со скокови од по 236,5 метри со кои освои 455,8 бода.

Конечен победник во генерален пласман е Даниел Чофениг, овогодинешниот шампион на Новогодишна турнеја, кој освои 1.805 бода вкупно. Зад него се неговите сонародници Австријци, Херл со 1.652 бода и Штефан Крафт со 1.290 бода.

 

 

Интересно, светскиот рекорд во скијачки скокови во женска категорија го држи 20-годишната Ника Превц која постави нов светски рекорд на 14-ти март 2025.

Во семејството Превц, со скијачки скокови се занимаваат уште и нивните браќа Петер и Цене.

30 март 2025 - 12:52