Пољакот Хари Хафт на 14 години бил сведок на инвазијата на германската окупација на Полска 1939-та, а две години подоцна завршил во озогласените логори во Аушвиц, затоа што бил Евреин.
Еден од офицерите по име Шнајдер забележал потенцијал во неговата градба и му дал непристојна понуда. Да боксува и ако победува ќе биде наградуван со дополнителна храна, а ако изгуби ќе биде застрелан.
Хари всушност немал избор и за прв противник добил затвореник од неговиот роден град Белхатов.
Бокс мечевите се одржува секоја недела, во импровизиран ринг, без рунди, без ракавици, без правила. Борбите траеле се додека едниот не може да продолжи. Тој што ќе загуби, го убивале.
Хари сватил дека ако покаже милост ќе треба да се соочи со смрт. Нацистите го третирале како нивно ценето животно. Добивал повеќе храна и имал посебна заштита.
За да го добие тоа и за да остане жив, морал брутално да ги победува другите затвореници кои умирале од глад.
Потоа се соочил со најтешкиот тест. Нацистите го одржувале здрав францускиот шампион во тешка категорија само за мечот со Хари.
Се соочил со поголем противник од него, тепачката била многу тешка, Хари силно крварел, но го заробил Французинот во агол, онесвестувајќи го.
Во 1945-та година, знаел дека повеќе не е вреден и за време на маршот на смртта, убил нацистички чувар и избегал во Боемската шума.
Остварил 76 победи, а тоа биле 76 животи на негова совест.
Во текот на преостанатите недели до крајот на војната, се селел од село во село. Во еден момент убил двајца постари луѓе кои го засолниле на нивната фарма, бидејќи се плашел дека откриле дека не е германски војник и дека ќе го предадат.
Неговата приказна не завршува тука. Во 1948 минута, на 22 годишна возраст, емигрирал во САД со помош на вујко му од Њу Џерси.
Во САД станал професионален боксер, но не за слава и пари. Се надевал дека публицитетот ќе му помогне да ја најде изгубената фамилија и девојка му, кои исчезнале во војната.
Откако победил во 12 борби, го привлекол вниманието на Роки Марчино и на 18 јули 1949-та се соочил со идниот светски шампион.
Мафијаши му се заканувале во соблекувална, барајќи од него за падне. Познат избор од минатото, да преживее или да се бори.
Почнал силно, но во третата рунда бил нокаутиран и после тој пораз решил да се пензионира со 13 победи и 8 порази.
Потоа следувала вистинската битка, а тоа се кошмарите кои никогаш не му излегле од глава.
Работел како продавач на овошје во Бруклин. Се оженил, во 1950-та му се родил син, а потоа добил уште две деца.
Но, минатото го прогонувало. Се соочувал со бес и депресија. Во последните години од животот го прекинал молкот.
Му го раскажал своето минато на својот најстар син Алан. Кога го прашал дали жали, тој ги погледнал своите остарени и искривени тупаници и рекол:
„Моето жалење се животите кои поминаа низ овие раце“.
Приказната на Хари Хафт не се состои само од бокс. Се работи за преживување по незамислива цена, а потоа живеење со тоа што требал да го направи за да остане жив.
Во април 2007 година, Хафт беше примен во Националната еврејска спортска Куќа на славните. Починал од рак, во ноември истата година, во Флорида, на 82 годишна возраст.
Во 2018 година за него беше најавен филм насловен како „Преживеан“. Режијата е на Бери Левинсон, а главната улога ја игра Бен Фостер како Хафт.
Филмот имаше премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во 2021 година, а една година подоцна беше објавен на HBO.