Един Џеко стана најстар стрелец на гол во втора германска лига

Шалке одигра нерешено 2-2 против Кајзерслаутерн и тоа со три гола паднати во самиот финиш на дуелот. Прво гостите во 84-та минута дојдоа во ново водство 1-2, а Един Џеко во 87-ма минута и Кенан Караман во 90-та минута донесоа бод за домаќинот. Со 39 години и 314 дена Џеко стана највозрасниот фудбалер кој некогаш дал гол во втора германска Бундеслига. Џеко е позајмен од Фиорентина во Шалке до крајот на оваа сезона.
 

Един Џеко е најголема легенда на Босна и Херцеговина, тој во 2009-та година освои сензационална шампионска титула со Волфсбург.

 

25 јануари 2026 - 18:47