Дечко каков тенис, ти си роден за фудбал

Беноа Пер е познато име во светскиот тенис. Триесет и три годишниот Французин роден во Авињон има пристојни резултати веќе неколку години наназад и е редовен учесник на најголемите турнири. Само има проблем со константноста, понекогаш не може да се носи со големиот притисок и знае да губи добиени мечеви. Дошол на тренинг во францускиот прволигаш Брест каде покажал неверојтно чувство за фудбал и пеколна левица.

Францускиот тенисер Беноа Пер во кариерата најдобро пласиран беше во 2016-та година кога стигна до високото 18-то место на АТП ранг листата. Вкупно заработил околу 9 милиони и 979.000 евра од турнири. 

28 октомври 2022 - 11:34