Австралиецот кој е дел од тренерскиот тим на Ѓоковиќ смета дека српскиот тенисер има голем напредок и дека кога е во добра форма едноставно е непобедлив, па дури и на земја.
Според него од Новак во 2009-та и Новак сега постои огромна разлика.
„Ѓоковиќ секогаш напредува, пред се во координативните способности и во движењата при трчањето. Неговата игра сега е далеку подобра од пред 5-6 години“.
Иако Ѓоковиќ беше неприкосновен во 2015-та во која победи на 73 од 78 меча и освои 9 турнири, Грич не верува во “луѓе машини“
„Не постоти такво нешто. И најдобрите спортисти се луѓе, кои имаат семејства, проблеми и лоши денови. Тоа не се често комплетно лоши денови, но понекогаш стануваат на лева нога. Кога ќе го забележам тоа, тогаш од мене се бара многу работа“.
Австралиецот зборува и Дејвис Купот, Олимписките игри и формата на Ѓоковиќ оваа сезона.
„Ние сакаме и натаму да продолжиме да работиме паметно, да ја задржиме формата и повторно да се изборите за одлична сезона. Од некој турнир можеби мора да се отсуствува. Најголем проблем околу Дејвис Купот на пример се лошо закажаните термини. Инаку што се однесува со Дејвис Купот и Олимпијадата, тие се поважни за еден Србин отколку за еден Австралиец или Германец.
Гебхард Грич е кондиционен тренер на Ѓоковиќ од 2009 година и има работено со Австралиецот Томас Мастер кој во 1995-та го освои Роланд Гарос, турнирот кој Србинот сè уште го нема освоено.
Инаку Ѓоковиќ синоќа во Дубаи стигна до победата број 700 во кариерата, откако го совлада Малек Џазири и обезбеди пласман во четвртфиналето. Со 13 победи ќе го стигне својот тренер.