Американската ѕвезда скокаше пред трката, а откако изгуби имал Ковид

Американскиот трофеен спринтер Ноа Лајлс (27) во четвртокот вечер трчаше во финалето на 200 метри. Пред трката скокаше, додека сите останати тркачи концентрирано се фокусираа, се местеа, тој арогантно доскокна на својата позиција. На крајот златниот медал го освои сјајниот Лесил Тебого од Боцвана со најдобро време во историјата на оваа дисциплина - 19,46 секунди. Лајлс после мечот откри дека бил позитивен на Ковид тест и дека најверојатно Олимписките Игри за него се завршени иако требаше да трча и на 4х100 метри штафета во петок вечер и 4х400 во сабота вечер.

Ноа Лајлс после трката објаснил дека бил позитивен на Ковид тест во вторникот наутро, на ден пред полуфиналето. „Брзо ме сместија во карантин во близина на олимпиското село и се обидов да ги земам лековите кои смеам. Ми рекоа дека е можно па се држев подалеку од другите по кривините. Од последните три дена овој ден беше далеку најдобар“. 

Победникот на трката, Лесил Тебого после освоеното злато на прес-конференција изјавил: „Јас не сум арогантен и гласен како Ноа“:

Среброто во финалето на 200 метри му припадна на Кенет Беднарек а Ноа Лајлс се утеши со бронзен медал.

Тркач од Боцвана ги засени Американците на 200 метри и освои историско злато

9 август 2024 - 10:15