Ал Капоне обожавал бокс, имал двајца негови боксери, едниот шампион, другиот убиец

Кралот на мафијата во Чикаго и еден од најозлогласените босови се занимавал не само со шверц на алкохол, проституција, коцка, нарачани убиства и рекет. За него боксот не бил само страст туку и една од можностите за заработка.

Гангстерите во '20-те и '30-те години од минатиот век фактички го гледале професионалниот бокс како јавна куќа.

Лично Ал Капоне водел сметка за двајца боксери: Џек Мекгорн и Барни Рос.

КАПОНЕ И САМИОТ ЗА МАЛКУ НЕ СТАНАЛ БОКСЕР И НЕ ЗНАЕЛ ДЕКА ЌЕ СТАНЕ НАЈКУЛТНИОТ МАФИЈАШ ВО ИСТОРИЈАТА

Ал Капоне не планирал да живее криминален живот. Во раната младост тој се трудел чесно да заработува за живот: работел достава за една слаткарница, а после имал и случајни заработки. Например кратко време работел во аптека како доставувач и во куглана.

Капоне имал мошне импресивни физички карактеристики и често морал да го смирува својот насилен темперамент во еден од њујоршките боксерски клубови.

Идниот најголем мафијаш на светот бил надежен боксер и многу лесно можел да стане професионалец, но судбинска за него била средбата со Џон Торио кој во 1918-та година заедно со Алфонс Габриел Капоне (правото негово име) се криеле од полиција и избегале во Чикаго.

Таму и создале цела една криминална империја преку која ги контролирале фактички сите сфери од животот.

Иако се занимавал со криминални работи, Капоне не заборавил на боксот, неговиот најомилен спорт. Тој често одел на боксерски мечеви. Во негово друштво биле ѕвездите на тоа време, шампионите Џек Демпси и Џејмс Бредок. Тие биле драги гости на Капоне во неговата вила на Флорида.

Џек Демпси

Но боксот го интересирал не само како навивач туку и како бизнисмен. Во тоа време дури и ѕвезди како Џејк ЛаМота, Шугар Реј Робинсон и Џек Демпси за да стигнат до светската титула, морале прво да паѓаат пред послаби противници, од причина што заработувале огромни пари преку кладење.

БОКСЕРОТ МЕКГОРН СТАНАЛ УБИЕЦ ЗА АЛ КАПОНЕ

Најпознати соработки на Ал Капоне со боксери се оние со Берни Рос и Џек Мекгорн. И двајцата биле од семејства на имигранти. Тако на Берни Рос му бил извесен Ајсидор Росовскиј кој дошол во САД од белорускиот град Брест по прогонот на евреите во Руската империја. Син му Берл Росовскиј се родил во САД.

Џек Мекгорн првично се викал Винченцо Џибалди, роден на Сицилија, татковината на мафијата. Татковците и на двајцата држеле продавници но имале трагична судбина, биле застрелани. Татко му на Мекгорн случајно го помешале со некој член на италијанска мафија и го убиле претставници на ирската банда, а татко му на Рос го убиле за време на некој банален грабеж.

Така младите Џек Мекгорн и Берни Рос уште како млади влегле во криминалниот свет со желба да се одмаздат за своите најдраги луѓе, но нивните судбини станале дијаметрално спротивни.

Мекгорн за 30 долари купил револвер и во рок од 1 месец убил тројца платени убијци. За тоа време Винченцо (Берни Рос) влегол во боксот и дури станал и професионалец. Таму го сменил името од Винченцо Џибалди во Џек Мекгорн затоа што наводно ирските боксери биле поценети и повредни од италијанските, па со тоа и поплатени во рингот.

Во периодот од септември 1921 година до јуни 1922 година, Џек 6 пати боксувал: имал 3 победи, 2 нерешени и 1 пораз. На една борба Ал Капоне го приметил младиот Италијанец со ирско име.

Гангстерот Капоне му понудил да му биде телохранител и Џек прифатил. Тогаш и ја завршил кариерата во која имал огромен потенцијал да стане голем шампион. На Мекгорн му требале оружје и пари. Многу сакал да го носи главниот пиштол на мафијата - Томпсон.

Со текот на времето станал крвав убиец, ликвидатор, го завикале Пулемет Џек и важел за најсуровиот егзекутор за мафијата во Чикаго.

Најпознат настан од тоа време е Масакрот на денот на Свети Валентин. Во тоа време Ал Капоне бил во отворена војна за монопол на алкохолот не само во Чикаго туку и на целиот Источен Брег, со ирската мафија на чие чело стоел Џорџ Моран.

Ал Капоне лично донел одлука да се ликвидираат сите активни членови на ирската банда и групата веќе да не постои. Нападот го планирале на Денот на вљубените 14 февруари 1929 година. Го спровеле многу лукаво.

Конкурентната банда тогаш пренесувала драгоцена и скапоцена роба на едно складиште во предградието на Чикаго. Кон конвојот на бандата тргнала полициска кола во која маскирани како полицајци оделе и Капоне и Џек Макгорн.

Ирците не биле изненадени од тоа што полиција ги сопрела за претрес, но наместо тоа во еден момент биле застрелани седум членови на бандата во жестока престрелка. Нивниот бос го спасило тоа што едноставно задоцнил на истоварот.

Овој настан го прославил Џек во криминалниот свет а департментот на полицијата во Чикаго го ставила на списокот на најопасни мафијаши во државата. Џек Мекгорн едно време и го заменувал Ал Капоне додека овој бил по судови и затвори. Во јули 1931 година Капоне бил осуден на 11 години затвор за неплатени даноци. Во Чикаго тогаш почнала нова прераспределба на работите.

Џек не нашол свое место и до 1936-та година заработувал како што знаел и умеел.

Џек Мекгорн

На 15 февруари 1936-та година тројца мажи го застрелале во една куглана. Кој го ликвидирал омилениот егзекутор на Капоне не се дознало, но се знаело дека тоа е масло или на Џорџ Моран (шефот на ирската мафија) или браќата на жртвите од Масакрот за денот на вљубените.

СУДБИНАТА НА ДРУГИОТ БОКСЕР, БЕРНИ РОС КОЈ СТАНАЛ ШАМПИОН

Барни Рос

За разлика од суровиот убиец Џек Мекгорн, Берни Рос станал легенда на рингот. Во младоста тој работел за Капоне, а паралелно се занимавал со бокс.

Пред стартот на кариерата во 1929-та година Берни Рос два пати го освоил турнирот “Златна ракавица“. Прво во Чикаго, а после тоа и на сеамериканските игри.

На 23 јули 1933 година Берни го победил Тони Канцонери и станал светски шампион во две дивизии. Капоне редовно ги гледал сите негови мечеви а му помагал и со пари.

Рос после една година го достигнал пикот на кариерата. На 28 мај 1934 година во преполниот Медисон Сквер Гарден го победил Џими Мекларин со судиска одлука и станал шампион во трета категорија. Го сметале за најдобар боксер во тоа време, тој бил првиот во историјата кој врзал шампионски појаси во три различни категории.

Берни Рос подоцна по нападот на Перл Харбор отишол во морска флота и се борел на фронт за американската војска. Учествувал во битките за Гвадалаканал, бил ранет но преживеал, а убил 18 Јапонци за време на војната. Награден е со медал Сребрена ѕвезда и Пурпурно срце кое лично му ги врачил претседателот на САД Френклин Рузвелт.

По враќање од фронт имал тежок живот, се развел со жената, го продал домот и бил чест гостин во наркоманските дувла. Пред крајот успеал да ги победи зависностите но умрел во 1957-ма година.

Тој меѓу првите е примен во Салата на славните во боксот во 1990-та година. Магазинот The Ring го ставил на трето место меѓу најдобрите боксери во полусредна категорија.

Еднаш Силвестер Сталоне кога ја прочитал автобиографијата на Рос под наслов „Неден маж не останува сам“ и под силно влијание од неа напишал сценарио за три дела од филмот „The Expendables“ во кои глумеа најголемите холивудски ѕвезди: Сталоне, Вилис, Шварценегер, Ван Дам, Лундгрен па дури и Ронда Роузи. Сталоне во филмот го играл Берни Рос.

17 август 2020 - 12:09