Поранешниот тениски ас Андре Агаси во 2009 година објави автобиографија под називот „Open" за која сега повторно проговори на италијанска ТВ емисија. Со пишувањето сфатил и истовремено колку го мразел овој спорт.
„Не сакав да ја напишам книгата за да ја прославам кариерата, туку да сфатам кој бев и кој сум сега и потоа почнав да размислувам колку го мразев тенисот како млад.", вели Агаси.
Осумкратниот освојувач на Грен слем турнирите имал тежок однос со татко му кој го терал на екстремно тешки тренинзи за да стане шампион, но славата и парите не биле во прв план за Американецот.
„Кога ја пишував книгата го прашав татко ми дали сака да го спомнам и него, а тој ми рече дека само едно нешто би променил и наместо на тенис би ме пратил да играм голф или бејзбол затоа што се заработувало многу подолго. Искрено не сакав да се бавам со овој спорт поради татко ми или поради парите, туку барав свои мотиви за игра, а тоа беше образованието. За време на пишувањето сфатив дека сите ние пливаме во океан, но не успеваме сите", раскажува поранешниот најдобар тенисер.
Агаси има своја фондација за едукација на младите преку која помага да се школуваат на вкупно 1.300 деца во светот. Во последниве 20 години преку фондацијата успеа да собере 175 милиони долари и да отвори 27 школи, а се надева дека таа бројка постојано ќе расте.
Тој е првиот тенисер кој успеа да стигне до сите четири Грен слем титули на сите три различни подлоги, а во кариерата стигна и до бројката од 17 освоени Мастерс турнири, два Дејвис Купови и едно Олимписко злато.