А на 10. август (вторник) 2021-ва година Насер Ал-Хелаифи на прес-конференција во улога на претседател на ПСЖ го претстави најголемото засилување во историјата на клубот, Лионел Меси.
„Многу сум среќен да го претставам Лео Меси како играч на ПСЖ, Горд сум со тоа. Ова е историски ден за нашиот клуб и за светскиот фудбал. Фантастичен момент. Сите го знаат Лео, он го претвора фудбалот во магија. Он е роден за да победува. Памтам како дојдовме во ПСЖ пред 10 години. Луѓето прашуваа што ќе сториме. Сега горди сме на тоа каде се наоѓаме. Сакам да му заблагодарам на Лео, на жена му, на татко му Хорхе и на сите луѓе кои го направија трансферот можен“.