Најдобрите македонски ракометари го претрпеа и вториот пораз на Светското првенство во Полска, откако вечерва многу посилни од нив беа ривалите од Холандија.
Падна и првата атракција на Светското во Шведска и Полска, благодарение на словенечниот ракометар, Алекс Влах. Словенија ја декласираше Саудиска Арабија со 33:19, а Влах успеа на газ да го седне голманот.
Во последната емисија „Македонски спортски легенди“ на легендарниот новинар и коментатор Зоран Михајлов, гостува селекторот на Македонија, Кире Лазаров, кој покрај за кариерата, објаснува и што е потребно за иднината на македонската репрезентација.
„Се надевам дека репрезентацијата нема да има големи последици, затоа што сè она што го градевме изминативе 15 години, оние резултати кои се боревме да ги достигнеме, не би сакал да видам некој поради лични ега или комплекси да ги сруши и да ја донесе Македонија на ниво каде што беше пред 15 години“.
Најпознатиот сајт за ракомет не ја респектира многу подмладената репрезентација на Македонија, ниту нашата ракометна традиција, потврдена со пласман во топ 11 во светот и тоа два пати.
Од денес па до 29-ти јануари во Полска и Шведска ќе се одржи 28-мо Светско ракометно првенство. Во 9 града домаќини ќе учествуваат 32 репрезентации од 5 конфедерации, меѓу нив и нашата Македонија. Преноси на Македонската Радио Телевизија (МРТВ).
Со пораз од Хрватска и победа над Израел викендов, македонската ракометна репрезентација ги заврши последните контролни средби пред Светското во Полска и Шведска. Дејан Манасков изгледа уште го држи расположението од ревијалниот меч во Борис Трајковски, зачинет со еден куп атракции.
Сегашните резултати не го одредуваат статусот на ракометот како спорт во одредени земји. Тоа е Македонија. Единствената земја во екс Ју заедно со БиХ која немала репрезентативен медал и каде репрезентативците се слават како национални хеори, како никаде на друго место.
Ракометниот спектакл насловен како „Сите ѕвезди“ беше налик Ол стар натпревар меѓу оние кои овој месец ќе играат на Светско и легендите кои го почнаа прекрасниот серијал на настапи на големите натпреварувања. Публиката која ги исполни трибините, имаше можност да ужива во цепелини, пируети и пред сè во шраубата на Ванчо каква што немаше постигнато во кариера.
По ревијалниот натпревар во скратена форма, 2x20 минути, ракометарите се расположија во друштво на групата Меморија и удрија на песна. Прв запеа Кире Лазаров, а потоа и Мартин Томовски.
Целиот ракометен крем синоќа се собра на едно место, а химната ја пееја се разбира и двете селекции на Македонија. Златко Мојсоски, кој инаку уште е активен ракометар на 41 година во тимот на РК Бутел, не заборави да намигне.
Ревијалниот натпревар на кој преовладуваше релаксиран ракомет со многу забава, го добија младите со 25:21. И покрај неколкуте атракции на двете страни, од кои и неколку неуспешни, никој не можеше со потегот на Ванчо кој го украде шоуто со страшна шрауба од 9 метри.
Скопје беше сведок на спектакуларна ракометна претстава во салата Борис Трајковски која беше исполнета до последно место во чест на легендите. Резултатот оди во втор план.
Борис Трајковски крца во чест на натпреварот насловен како „Сите ѕвезди“ на кој играат актуелната македонска репрезентација против ветераните, односно легендите кои секој јануари ја држат Македонија во ракометна треска. Ракометарите беа поздравени со аплаузи и овации и добија дресови од првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов.
Македонскиот претставник во Европската лига на ЕХФ, Еурофарм Пелистер го совлада Мотор Запорожје на неутрален терен со 30:33. Битолчани ја направија соблекувалната пиц пец, ливче да нема.
Женската ракометна репрезентација ги завршува настапите на ЕП, каде се врати по пауза од една деценија. Македонија како ракометна нација и даде достојна поддршка на сите три натпревари. На крајот девојките и навивачите пееја заедно како за финиш на ова убаво дружење.
Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“, македонските ракометарки претрпеа уште еден пораз во групната фаза на Европското првенство. Холандија беше подобра - 30:15.
Многу спортисти и луѓе од јавниот живот и дадоа поддршка на женската ракометна репрезентација на Македонија, која денеска од 18 часот во салата Борис Трајковски го игра вториот меч од ЕП против Холандија. Мотивирачките видеа ги прави РФМ.
Македонскиот женски ракомет конечно се врати на голема сцена. Вечерва во Скопје Македонија со Франција го отвори Европското првенство во нашата земја. Пред почетокот на мечот нашите ракометарки со околу 2.500 навивачи емотивно ја пееја химната. Некои од нив и со солзи.
По долга децениска пауза, женската македонска ракометна репрезентација се врати на голема сцена - Европско првенство чиј домаќин е и Словенија и Црна Гора. На стартот нашите девојки немоќни против силната Франција 24:14 (12:5).