Македонија загуби 12 разлика од Норвешка, 10 од Холандија и 9 од Аргентина и од историското 9-то место на СП Катар 2015, стигна да разигрува во Президен Куп за место меѓу 25-то и последното 32-ро место.
Македонскиот селектор вели дека не очекувал победа против трите средби, ама и не очекувал ниту вакви дебакли.
„Честитки за заслужената победа на Аргентина вечерва. Можеби ова е нашата реалност. Пред почетокот на турнирот бевме рангирани на последното место во групата и во овој момент Аргентина е подобра од нас. Видовме вечерва дека оваа Македонија со осум дебитанти мора многу да работи да создаде нова генерација која ќе ја наследи претходната. Не очекував победи против Норвешка, Холандија и Аргентина, туку верував во порази од 3 ,4, 5, 6 разлика, не вака со двоцифрена разлика. Не сум задоволен, мора многу да работиме ако сакаме да креираме нова генерација“, изјави Лазаров по мечот.
Тој ја презеде одговорноста и им се извини на навивачите.
„Морам да ѝ се извинам на Фалангата, дојдоа тука преку 2.000 луѓе. Тие се дел од нас, затоа имаат и големи очекувања. Јас ги разбирам играчите дека ова е еден голем притисок, јас сум го имал тој притисок уште како капитен. Ја преземам одговорноста целосно, видовме до каде сме, но сега мораме да почнеме од почеток и без очекувања, така побрзо ќе се кренеме. Сигурен сум дека ќе го дигнеме нивото за да можеме да парираме на вакви репрезентации“.
Првиот меч во Президент Купот, Македонија го игра против Алжир на 19 јануари.