Невидената драма меѓу Франција и Германија

Во четвртфиналето од ракометниот турнир на Олимписките Игри се случи драма каква што не се памети во историјата на овој спорт. Германија го совлада фаворизираниот домаќин Франција 35:34 после продолженијата до кои стигна на апсолутно луд начин.

Ова беше последен натпревар во богатата кариера на Никола Карабатиќ кој се прости од репрезентацијата.

Французите на свој терен водеа во поголемиот тек од мечот пред своите гласни навивачи. Германците се враќаа и така се играше до самиот крај.

Триколорите во еден момент имаа дури и шест поени предност но Германија не дозволуваше да се прости така лесно од турнирот и се врати на 10 минути пред крајот, па дури и поведе.

Наа 55 секунди до крајот од мечот Французите водеа 29:27 и сè изгледаше готово. Но видете што се случи:

Во полуфиналето одат уште и Словенија, Данска и Шпанија. Шпанците го совладаа Египет дури после продолженијата 29:28 (25:25) во мошне неизвесен меч до самиот крај. Најефикасен и најзаслужен за победата на Шпанија беше ракометарот на Барселона Алеиш Гомез со 9 гола.

Тарафета даде 6, Касадо 4 а Алекс Душебајев 3 гола. Кај Египет Јехиа Ел-Дераа постигна 8 гола, а Сеиф Ел-Дераа стигна до 6 гола.

Словенија направи голема сензација откако убедливо ја совлада фаворизираната Норвешка 33:28 и ја исфрли од Олимписките Игри.

Словенците до голем триумф ги водеа Алекс Влах со неверојатни 11 гола и Блаж Јанц со осум погодоци. Кај Данците Блонц седум пати се запиша во листата на стрелците.

Данска во големото скандинавско дерби ја победи Шведска 32:31. Питлик постигна 9 гола за Данците а голем удел во триумфот имаа уште и ветеранот Микел Хансен со 6 гола, Јакобсен и Јоргенсен со по 5 погодоци и Гидсел со 4. Кај Швеѓаните Клар со 7 гола и Лагергрен и Ване со по 5 беа најефикасни.

8 август 2024 - 08:12