Навивачи

Не смеам да се радувам, ќе ме здробат од ќотек

Обично снимките кои излегуваат со турски хард кор навивачи се како боксуваат телевизори, кршат столици и удираат во врати и ѕидови. Ова е откачено на друг начин. Фенербахче загуби дома од најголемиот ривал Галатасарај после 20 години и гостинов со сиот памет се измешал меѓу домашните навивачи.

Реакција на турски навивачи кога ќе загубиш дома дерби по 20 години

Тоа го доживеаа и го преживеаа навивачи на Фенербахче кои две децении не ја осетиле горчината на поразот од ривалот Галатасарај на домашен терен. За сега нема инфо колку телевизори отидоа јабана, ама најдовме еден читав.

Едно дете во школо му пишало писмо на Клоп, Германецот седнал и му одговорил

Мајка му на малиот Дерах отишла во пошта, а таму ѝ рекле дека има препорачано писмо на име на син ѝ. Жената се збунила и исплашила кој би можел од Англија да му пишува на малиот во Република Ирска. Кога виделе од кој е писмото се шокирале.

Навивачот на кој Јуве му го продолжи животот

Помлад е 23 години од Јувентус, ама постар е од Наполи, Рома и Фиорентина кои не постоеле како клубови кога тој се родил. И најјакото е што роденденот си го прослави на стадион со победа на неговите за кои навива од времето на дедо Ное.

Фудбалер на Парма ќе носи навивач на пиво откако му го бутна со топка

Добар, море не добар, одличен потег на данскиот напаѓач Андреас Корнелиус кој со овој гест ги купи навивачите на Парма.

Запросување ал-денте

Дечково од Америка поубава вечер само на сон. Доаѓа до Рим, неговиот омилен клуб го победува можеби најтешкиот ривал во првенство, и тоа после пресврт, а пред мечот ја бара девојка му за жена и таа прифаќа. Епа уште скудетото да го прослави на свадба и Скорсезе да снима филм.

Како е настанат Хајдук Сплит кој денес слави 109 години

Гордоста на Далмација, сплитската „била“ боја денес одбележува 109 години од своето основање во Прага од неколку хрватски студенти. Интересна сторија.

Каква е оваа навивачка страст за третолигаш во Алжир?

Клубот се вика Анаба, има стадион од 55.000 седишта и најјаки навивачи во Африка и пошироко. Кога славеа влез од трета во втора лига, стадионот им изгледаше како да се светски прваци. Па ова е бре нереално колку е јако за третолигаш.

Најјака

Обично водачот на ултрасите е некој меѓу постарите, оној со стаж и авторитет во групата. Океј, така е и во Сасуоло со таа разлика што тука имаме бабичка, ама закон бабичка.

Фото на денот

Во Аргентина се одигра големото дерби меѓу Расинг Клуб и Индепендиенте, клубови од Авељанеда во широкиот круг на Буенос Аирес. Стадионите на двата клуба се оддалечени 100-ина метри еден од друг. Дербито го доби домаќинот со 1-0, иако од 46’ минута играше со двајца играчи помалку исклучени поради црвени картони.

Кога син му на Боб Марли пееше за навивачите на Ајакс

Легендарниот хит 'Three Little Birds' од реге авторот Боб Марли веќе неколку години важи за химна на навивачите на Ајакс. Ја пеат каде и да одат, а еднаш специјално за нив ја испеа син му на Боб, Ки-Мани Марли и тоа на стадионот на Ајакс „Јохан Кројф Арена“ на полувреме од меч во Лигата на шампионите.

Општа тепачка, ама на кошаркарки

Ај да речеш ќе се закачнат, ќе се скубнат малце за коси и толку. Ама не бре, овие сериозно тргнаа во напад и тука не се знае кој јаде, кој пие. Инаку овие нетипични сцени ни доаѓаат од универзитетска лига во САД.

Комити: Со вас сме и против ПСЖ и против Овче Поле

РК Вардар е во кризен период, а синоќа загуби убедливо од Кил со 11 гола разлика, исто како во Јане Сандански. Но и покрај тоа европските прваци никаде не останале без поддршка. Комити се појавија и во Германија.

Идиот на сезоната

Њукасл синоќа го елиминираше третолигашот Оксфорд во ФА Куп со гол во 116-та минута, а навивачов се радуваше како да освоиле Лига на шампиони. После оваа прослава веројатно сите останати натпревари до крајот на неговиот живот ќе си ги гледа дома од кревет.

Дивјачки фудбалски сцени во Бразил

Во случајов не знаеме дали поголем будала е хулиганот или тој од клупа кој со ударот можеше мозок да му оштети. Што ви е бе луѓе? Фудбал е ова, не е боречки ринг.

Царот што дал 1.500 долари за карта и заспал на сред Супербол

Видеото на кое се гледа овој лик има скоро 5 милиони прегледи и стои рамо до рамо со она на кое Шакира и Џенифер Лопез прават шоу на сцена.

Чудесно пиротехничко шоу на најголемиот плоштад во цела Италија

Во средата фудбалскиот клуб Падова, од третата италијанска лига, прослави супер јубилеј: 110 години од основањето. Во серијата настани и церемонии, најјака беше навивачката претстава.

Навивачите на Манчестер го нападнале домот на Вудворд

Армијата навивачи на славниот Јунајтед од ден на ден станува сè понетрпелива со потпретседателот на клубот Ед Вудворд кој со тотално фудбалско не знаење одговара за трансфер политиката на клубот.

Пак да им давате државни пари

Ај што одбиваат да навиваат за Македонија и го бираат Косово, туку и ја сејат сета омраза кон сè што е македонско, од народ до држава и тоа и на трибини и во интервјуа. Тогаш која е логиката како навивачка група да добиваат пари за самопромоција од тука?

Навивачките групи се обединија за Македонија, освен Балистите кои им удрија контра

За време на морето од вести поврзани со смртта на мега ѕвездата Коби Брајант, во мак фудбалот падна историска одлука. Македонските навивачки групи заедно ќе навиваат против Косово што многу не радува, плус конечно на Градски атмосферата нема да биде театар.

Преубавиот амбиент на римското вечно дерби

Во неделата вечер во Италија се играше големиот римски дуел меѓу Рома и Лацио кој го фрли во сенка дербито Наполи - Јувентус на „Сан Паоло“.

Топла и спонтана реакција во чест на погодените од страшниот земјотрес во Турција

Во судиското продолжение од големото дерби на турската лига Фенербахче - Истанбул Башакшехир (2:0), домашните навивачи спонтатно фрлаа на теренот шалови и капи, за, како што велат, да ги стоплат настраданите од земјотресот.

Најжестоките пцовки кога Дини им даде гол и застана пред нив

Во минатото коло од Премиер лигата, Астон Вила го пречека Вотфорд. Гостите поведоа 0-1 со голот на Трој Дини, нивниот најдобар стрелец во клупската историја. Ама проблемот е што Дини, роден во Бирмингем, навивач на овој клуб кој е смртен непријател на Астон Вила. Па може да замислите што се му изнавикаа кога иритантно застана пред навивачите после голот.

Грчки навивачи избркани од Австралија опен поради скандирања против Македонија

Отишле на еден од најпознатите светски тениски турнири со намера да ја бодрат Марија Сакари, ама се однесувале како да се на фудбал и плус мешале политика.