Навивачите на Милан блеснаа со посебна кореографија на „Дерби дела Мадонина“

Секоја кореографија на градските ривали во Италија е приказна за себе и тоа на некој начин претставува дерби и меѓу навивачките групи. Овој пат го добија фановите на Милан кои одушевија и со идејата и со реализацијата. Едноставно ја погодија темата.

Навивачите на Интер кои се наоѓаат на Курва Норд се одлучија за класична варијанта на кореографија и го истакаа успехот од минатата сезона, а тоа е Скудетото број 19 со кое ја прекинаа доминацијата на Јувентус.

Миланистите решија да го прескокнат фудбалското ривалство и да им ја посветат на лекарите, сестрите и волонтерите кои се бореа со злото наречено Ковид 19.

„За тие што се бореа, за тие што не успеаа, за тие што водеа битки во прва линија за да ја спасат нацијата, Милано не заборава, благодарам“. 

Убаво беше дербито и на трибина и на терен.

Головите од мечот и шансата на Милан во 90-та минута.

8 ноември 2021 - 08:43