Фудбалската федерација на Македонија наскоро ќе ја дознае казната, веројатно парична, поради недоличното однесување на дел од публиката на мечот со Германија во Скопје.
ФФМ и порано во неколку наврати плаќаше казни поради неодговорни поединци, а сега се соочува со казна поради тоа што со ласер им било светено на противничките играчи.
Ова не е првпат ласери да бидат проблем на фудбалски натпревари, а оваа мала направа се користи и на кошаркарските натпревари. Неодамна на Европското првенство во фудбал голманот на Данска Каспер Шмајхел тотално беше заслепен при светење со ласер додека бранеше пенал на мечот со домаќинот Англија.
Германските корисници на Твитер го осудуваа овој чин, а меѓу нив имаше и некој што се пошегува со: „Кој уште користи ласер?! Па тој сигурно уште има и Нокија“.
Wer besitzt denn bitte noch einen Laserpointer? Der hat auch noch ein Nokia #MKDGER
— D.Schmidt (@DSchmidt1848) October 11, 2021