Во претходните десетина дена мајстори, ѕидари, монтери, заварувачи, водоинсталатери, електричари и други, меѓу кои имало и голем број навивачи на Аталанта, бесплатно работеле за да се крене нова мобилна болница во Бергамо.
Цели 29 години навивачкиот свет чекаше на добар филм за италијанската навивачка сцена по нивен гушт. Последен ваков кој заслужи Оскар меѓу навивачите беше епскиот „Ултра“ од 1991-ва на режисерот Рики Тоњаци.
Доста со жонглирање тоалетни, челинџи, седи си дома, остани си итн итн. Кога нема ништо за гледање, дајте да се потсетиме на нешто магично. 4 јуни 2019-та, во Скопје и никаде на друго.
Загреб викендов биеше две битки: Коронавирус и земјотрес. Првата вели седи дома, втората бегај од дома. Навивачите на Динамо Загреб се тука и за двете.
Ај не го броите човекот сега, не се знае ова дали ќе трае месец, два, три...и тешко дека ќе му издржи залихава до финалето на Лига на шампиони бидејќи го презакажаа за крај на јуни.
Овие навивачи го бодрат четвртолигашот Кочелиспор, а навивачката страст умеат да ја искомбинираат со безбедносните мерки. И сега во ситуацијава ако не можат да се испразнат на стадион, можат на улица.
Ова со рокањето музика од балкони во Неапол на пример тече без фрки, бидејќи се пее само за Наполи, ама кризно подрачје за ваков вид на забава е Рим. Од една зграда се слуша песна за Рома, а ликов кој навива за Лацио е до толку гневен што решил да им се симне со стап.
Допрва ќе треба да седат дома, а веќе ги фаќа с`клет. Ама Италијанци ко Италијанци знаат да си направат да им биде забавно, а да не зборуваме за Наполитанците. Синоќа од балкон еден почна „La gente come noi non molla mai“, во превод „Народ како нас, никогаш не се предава“. И толку требаше.
Атланта Јунајтед од САД vs Клуб Америка од Мексико во нивната ЛШ. За Мексиканката немаше адекватен пат до стадион, па мораше да “ги трпи“ Американците како и пејат од близу Атланта Јунајтед. Симпатични сцени, ај ти.
Навивачите на ПСЖ не можеа да влезат на стадион на мечот против Борусија Дортмунд поради мерките кои се донесоа пред натпреварот да нема гледачи со цел да се спречи ширење на вирусот. Ама затоа се накрцаа околу стадионот и непрестано пееа песни. Една беше и многу позната мелодија кај нас.
Се родил слеп на едното око, но продолжил да купува сезонски билети, потоа ослепел и на другото, но и тогаш не престанал да оди на стадион. Некои фудбалски натпревари едноставно не може да се одиграат без публика.
На јуначкиот втор осминафинален натпревар на Аталанта им се придодаваат и нивните навивачи кои направија шампионски гест во време на овие кризни мигови во нивната земја.
Еден од најтрофејните и најстари француски клубови, Сент Етјен води жестока битка да опстане во Лига 1. Ама затоа во Купот на Франција синоќа со гол во 90+4’ минута го елиминираа Рен 2-1 и се пласираа во големото финале каде ги чека ПСЖ и каде не биле цели 38 години.
Мароканскиот фудбалски клуб Раџа Казабланка ги има најдобрите навивачи во цела африканска Лига на шампиони. Уште еднаш грмеа на меч од овој турнир против Казембе кој Раџа го доби со 2-0 и е на чекор од пласман во полуфиналето.
Има останато по некој од таа стара гарда навивачи на кои фудбалот им е пред национализмот. Србинов патува во Хрватска на Осијек - Хајдук кои играа минатиот викенд.
Одложувањето на натпреварите во Серија А поради вирусот кои прво требаше да се играат без публика, само ги усложни работите од повеќе аспекти. Едно е хаосот со распоредот, а друго што го јадат стапот навивачи кои доаѓаат од џенем.
Кога во Јужна Америка се игра фудбал напладне по најјако сонце, тоа знае да биде сериозен подвиг за гледачите. Како на пример овие навивачи на Форталеза кои се наредиле по линијата од сенката од рефлекторот.
Група навивачи на Ајакс синоќа си го извалкаа имиџот и тоа на доста нељудски начин кој од нив баш и не се очекуваше. Фатиле да маваат со пива и други предмети и тоа по деца и жени на гостинските играчи. Една од гневните снимаше и раскажуваше што се случило.
Фудбалерите на дански Копенхаген направија големо изненадување откако во пар минути му дадоа два гола на Селтик во Шкотска и со 1:3 се пласираа во следна фаза.
Одамна е познато дека Ајнтрахт Франкфурт ги има најверните навивачи во цела Германија. Би го бодреле клубот и на Марс ако треба. Во четвртокот нивниот клуб требаше да игра против Салцбург реванш од Лига Европа (првиот меч го доби Ајнтрахт со убедливи 4:1), ама средбата се одложи за денес поради најава за оркански ветрови во Австрија. И што да прават дечкиве? Отишле на хокеј меч Клагенфурт против Салцбург II и навивале за гостинот. Само да е против Лајпциг или Салцбург чиј спонзор е Ред Бул.
Јуха е возрасен човек од Финска. Во ’90-те години толку многу се вљубил во фудбалскиот клуб Рома, што летно време кога сите одат на годишен одмор, тој работи за да собере повеќе денови, за да може после на раат да оди во Италија и да го гледа саканиот тим. Роднините и пријателите му викале дека изгубил памет. „Во право се, знам“, тврди Јуха.
Кога Наполи игра во Лига на шампиони, фанатичната наполитанска публика традиционално на секој меч го вади овој магичен звук на крајот од незаменливата хумна на ЛШ: Знаеме дека ви е познато, ама не се пропушта.
Можеби на прва звучи нелогично за да ти успее тоа, ама навивачите од Белград имаа идеја и сценарио. Поставија звучници до гостинскиот сектор во кој беа сместени навивачите на Војводина и секогаш кога ќе пуштеа глас за да скандираат, им рокаа една многу славна најавна шпица од цртан филм. Какви цареви.