Откако блеснаа со фантастична кореографија, навивачите на Милан организирани под името Curva Sud, го исвиркуваа довчерашниот играч на тимот Хакан Чаланоглу кој премина во Интер. Тој постигна гол од пенал на дербито и со прст ги замолкнуваше тифозите на росонерите горе на трибината.
„Храброст не е да шутираш пенал во десетта минута, туку да останеш со жена ти и кога те изневерила. Го*но од човек“, стоел натпис на парола на еден од миланските мостови.