Жестоки судири меѓу француски и грчки хулигани

Вечерва на програмата се многу интересни натпревари од Лига Европа и Лига Конференции. Во Марсеј Олимпик го пречекува солунски ПАОК чии навивачи допатувале ден-два пред натпреварот, а синоќа на градските улици во овој пристаништен град имало големи нереди.

Навивачите на Марсеј со децении се во одлични односи со навивачите на АЕК од Атина а оваа тн. левичарска тројка ја надополнуваат и тифозите на италијански Ливорно. Сите три групи важат за про-левичарски и се поддржувачи на комунистичката идеологија.

Во Марсеј синоќа на испомош на своите пријатели од Солун неофицијално биле и навивачи на белградски Партизан.

 

7 април 2022 - 13:05