После мечот меѓу Сампдорија и Реџана на стадионот „Луиџи Ферарис“, попладнето се судриле навивачи на Џенова и Сампдорија. Околу педестина навивачи на Џенова кои се враќале од мечот со Милан во Милано, го нападнале главниот штаб на ривалската група Ultras Tito Cucchiaroni на Пјацале Адриатико. Полицијата не успеала навремено да спречи судир во кој биле употребувани палки, метални шипки и пиротехнички средства.