
Партизан беше домаќин на третиот меч кој траеше цели 3 часа поради долги прекини. Преку 6.000 гледачи во салата „проф. Александар Николиќ“ правеа лом уште од стартот.
Како и кога Црвена Звезда беше домаќин, судиите многу пати го прекинуваа мечот, пред крај испразнија пола сала за натпреварот да се доигра и Партизан славеше.
Сега е 2:1 во серијата која трае до 3 победи а следен домаќин пак номинално ќе биде тимот на Жељко Обрадовиќ.