Тирана се справува со навивачка инвазија и хаос меѓу Италијанци и Холанѓани

Вечерва од 21 часот се игра финалето на Лига Конференции меѓу Рома и Феенорд. Ова е трето натпреварување во хиерархијата на УЕФА која што самата малку како да го потцени.

Стадионот „Ер Албанија“ во Тирана е прилично нов и модерен, но капацитетот му е ограничен на 20.000 гледачи, што за големо финале на еврокуп е премалку.

Како што во Севиља за финалето на Лига Европа имало стотици илјади побарувања за карти, исто беше сега и за финалето на Лига Конференции во Тирана.

Илјадници навивачи на Феенорд и Рома, со навивачки групи познати по проблематично однесување, уште од понеделникот се стационирани во Тирана каде во вторникот имало многу нереди.

10 повредени полицајци, 60 приведени хулигани: 12 Холанѓани и 48 Италијанци е епилогот од бурната вечер во главниот град на Албанија во пресрет на големото финале на Лига Конференции меѓу Рома и Феенорд.

Навивачите на Рома и оние на Феенорд правеле инциденти во центарот на градот па албанската полиција имала полни раце работа. Големото финале меѓу тимот на Жозе Мурињо и некогашниот освојувач на Купот на УЕФА е вечерва од 21 часот. Сите влезници кои биле во продажба одамна се распродадени.

Како пренесува италијанска La Repubblica инцидент избил кога 45-годишен Албанец навивач на Рома, им скандирал на група Холанѓани кои не чекале ни малку за да ги нападнат него и пријателите. Навивачот на Рома со сериозни повреди бил пренесен во болница.

Голем дел од инцидентите биле во самиот центар на стотина метри од албанската Влада.

 

 

25 мај 2022 - 08:59