Италија е една од земјите каде фудбалот во некои домови знае да биде и семејна традиција. Една таква уникатна има на Џузепе Меаца.
Клаудио го носи својот син Матео на секој домашен натпревар на Интер и покрај тоа што е роден слеп.
Секоја ситуација на терен, гол, офсајд, корнер, пенал, секој важен детаљ од првата до последната минута, му го раскажува на уво.
На почеток мислел дека брзо ќе се откаже со образложение дека нема да може да ги поднесе гужвите на стадион, но Матео е јунак над јунаците и на Меаца оди од 2006-та година. Без престан.
Инаку има и профил на Тик Ток со преку 20.000 следбеници, каде обично зборува за фудбал и музика. Има снимено и видеа со повеќе фудбалери на Интер.
Меѓу нив се Брозовиќ, Матераци и екс газда Морати кои испраќаат поздрави од стадион до фановите на Матео.
@mm8ilmusicistanelpallone Video con Moratti dopo Inter Roma il 08/02/2022
♬ suono originale - MM8 il musicista nel pallone
@mm8ilmusicistanelpallone Video con Perisic dopo Inter Spezia del 01/12/2021
♬ suono originale - MM8 il musicista nel pallone
@mm8ilmusicistanelpallone Video con Marco Materazzi alla pinetina il 04/05/2011
♬ suono originale - MM8 il musicista nel pallone
Емотивната приказна за Клаудио и Матео ја препозна и самиот клуб, кој уште во 2017-та сними видео со нив.