Спектакуларни кореографии на тифозите на Лацио и Рома

На 184. римско вечно дерби меѓу Лацио и Рома имаше сè. Предигра на улиците меѓу хулигански подгрупи од двете страни кои се судриле со полицијата во обид да стигнат едни до други. Но на трибините прекрасна слика. Кореографии како од соништата.

Epa images
Epa images
Photo: Epa Images

Навивачите на Лацио кој вечерва на „Олимпико“ беше номинален домаќин, очекувано беа побројни и преполнија 3 трибини. Имаа кореографија на цели две трибини а на една беше претставен римскиот Колосеум:

На фамозната северна трибина Curva Nord зад едниот гол каде стојат лацијалите имаше парола: „Рим е каде Рома игра, а Лацио е каде што се Лацијали“.

Од друга страна тифозите на јужната трибина, романистите имаа прекрасна кореографија со голема слика од нивната клупска легенда Агостино Ди Бартоломеи и помали двомотки на кои имаше насликани многу ретро дресови на Рома од минатото.

На оградата романистите имаа парола: „Еден град, еден дрес“:

13 април 2025 - 22:00