Италијанската полиција го пронашла возилото кое се движело накај стадион на Јувентус и ги уапсила навивачите кои на стадион тргнале со два пиштоли, безбол палка, фантомка, две кациги и еден нож. Еден од нив бил Костариканец, а другите тројца Италијанци меѓу кои и една жена.
Овие навивачи се претпоставува дека се одговорни за каменуваниот автобус на Фиорентина, а во досие им стои дека биле организатори на инцидентите кои се случија на мечот Торино - Јувентус одигран минатата сезона, на кој се фрлаа димни бомби меѓу навивачите.
Клик тука за тоа градско дерби со нереди.