Во средата на 1-ви мај Парма одигра 1-1 на гости во Бари и обезбеди сигурен пласман во Серија А. После цели три години „млекарите“ се враќаат таму каде што им е место - во најдоброто друштво. Но поради тоа што играа на далечно гостување, главната прослава била закажана за домашниот меч на 5-ти мај против Кремонезе (1:1). На култниот „Енио Тардини“ дошле илјадници тифози на Парма.