Човек да ги гледа овие снимки, а да не го знае резултатот ќе мисли дека Атлетико Мадрид е финалист во ЛШ. Со пирова победа над градскиот ривал, тимот на Диего Симеоне се простува од елитното натпреварување, а навивачите го ценат нивниот труд со кој во изминативе четири сезони беа два пати во финале и по еднаш во четврт и полуфинале. Ова се прави навивачи.