Неколку илјади навивачи на Атлетик Билбао допатуваа на култниот „Олд Трафорд“ да го бодрат својот тим и покрај убедливиот пораз на првиот меч (0:3) во полуфинале на Лига Европа. Баскијците уште поубедливо го изгубија и реваншот, Манчестер Јунајтед победи со 4-1 и се пласираше во големото финале на Лига Европа каде ќе игра против Тотенхем.