Навивачи на Рајо одбиваа дрес од фудбалер на Барселона

Барселона скоро секогаш годиниве, па дури и кога играше во најсилен состав со Меси и Луис Суарез и Нејмар незгодно проаѓаше на гостувањето во Рајо Ваљекано, предградието на Мадрид. Таму во неделата Барса пак ремизираше 1-1 и тоа едвај од пенал. Младиот и одличен лев бек на Каталонците, Алехандро Балде (21) по крајот од дуелот сакал да им го даде дресот на некои мали деца кои му го барале, но постарите навивачи одбивале.

„Не можете ни да победите овде во Ваљекас без да крадете, кучиња“, им викал еден навивач на Рајо на фудбалерите на Барса а друг урлал: „Ние не земаме гостински дресови овде во Ваљекас, јасно? Оди надвор и дај го на било кој“.

2 септември 2025 - 13:57