Наполи се гледал и во опасниот кварт, со видео бим на пружени алишта
Историскиот подвиг на Наполи кој се пласираше во 1/4 финале на Лига на шампиони бил проследен и на неколку точки во градот каде Амазон поставил видео-бимови во таканаречените фан зони во Неапол. Една од нив била и во реонот шпански скали (Le scale spagnole) познат по необични градби и безброј пружени алишта кои висат од балконите. Видео бимот бил свртен токму кон нив.
Овој начин на сушење алишта на Медитеранот е познат како тирамоли и е дел од вековната традиција. Се сушат алишта на врати, балкони, огради и други делови од зградата.