За градот Сафи веројатно и не сте слушнале. Се наоѓа во Мароко, а истоимениот фудбалски клуб е формиран во 1921 година. Во 2004-та станува прволигаш, но за сега нема освоено ниту еден трофеј во својата историја.
Тоа не е причина да нема поддршка од публиката и тоа не било каква публика, туку екстра организирана навивачка група каква што немате видено во Африка. Се викаат Ултра Шарк, формирани се во 2006-та и се најверната сенка на Сафи.
За нив велат дека се лидери на ултрас движењето во Африка и пример за поддршка на својот клуб кој постои 95 години и нема ништо освоено.
Поради градежни работи на стадионот Ел Масира каде настапува Сафи, тие шетаа по други стадиони за да го бодрат својот клуб, но сега за вратија на своето место кое има капацитет за 15.000 луѓе.
Вака изгледа нивниот кам бек.
Штета што не разбираме што зборуваат, но вреди да им се погледнат подготовките. Од 4:50 почнуваат со песна.
За така да звучат прават и проби