Пред неколку дена, поточно на 7-ми април прво навивачите на Вележ Red Army објавија дека ги одзеле речиси сите знамиња на противничката навивачка група Ултрас. Јавно се пофалија и со денови регионот се исмеваше со Ултрасите.
Овие се правдале дека целата акција бил организиран грабеж и немало никаква допирна точка со навивачка акција. И решиле да вратат на идентичен начин. Отишле неколку лица до станот кој го изнајмувале навивачите на Вележ кои со цел памет на едно место ги чувале буквално сите нивни знамиња, а ги чувал само еден дечко.
Им ги одземале сите до еден, а објавено е и видео од акцијата:
Во навивачкиот свет постои непишано правило и кодекс дека штом на една група жаргонски ѝ падне знамето, таа престанува да постои и се гаси, или во спротивно треба да одземе повеќе ривалски знамиња ако сака да опстане на сцената.
Во меѓувреме медиумите од БиХ објавија и дека теренот на стадионот „Роѓени“ на кој игра Вележ Мостар бил полеан со киселина и оштетен. Истрагата покажала дека најверојатно киселина била истурена со дрон.
Теренот на Вележ важел за еден од најодржаните во земјата.