Кучето Протео, јунак кој спаси неколку лица од земјотресот - се појави на големата кореографија на Трабзон

Мечот Трабзонспор - Базел во рамки од Лига Конференции помина многу емотивно за сите кои го следеа и во живо и на телевизија. Навивачите на домашниот тим кој стана прв турски состав кој заигра фудбал по разорните катастрофални земјотреси, направија многу емотивна кореографија.

Навивачите на Трабзонспор на самиот старт на натпреварот кренаа кореографија на која имаше спасител со спасено бебе во раце, како и кучето Протео од Мексико кое откако пронашло неколку живи лица под урнатините на крај загинало во Турција.

Меѓу илјадниците спасителни служби кои дојдоа на помош во Турција имаше и бригада од Мексико. Со нив заедно било и кучето јунак Протео кое многупати помагало во Мексико, а сега и во Турција.

Протео за жал загинал во градот Кахраманмараш, град на југо-истокот на Турција кој беше епицентар на катастрофата. Во овој град имаше два разорни земјотреси со магнитуда од 7,7 и 7,6 степени. Земјотресот го пеплосал речиси цел Кахраманмараш, па многу луѓе останале живи под урнатините.

Протео уште по самото доаѓање одважно ги барал живите луѓе со својот тим, но за жал останал заглавен под урнатините откако остатоци се срушиле врз него. Спасувачите не можеле да го пронајдат кучето Протео кое спасило најмалку две лица претходно.

Во понеделникот цело Мексико се простило со својот херој.

„Ние сме погодени од загубата на нашиот голем другар, кучето по име Протео. Вие го исполнивте својот долг во составот на мексиканскиот тим во спасувачките потраги и операции кои ги извршивте за нашите браќа во Турција. Ви благодарам за вашиот херојски труд“, рекол министерот за одбрана на Мексико Луис Кресенсио Сандовал.

КУЧЕ ЈУНАК ЗА КОЕ СИГУРНО ЌЕ СЕ СНИМААТ ФИЛМОВИ И ДОКУМЕНТАРЦИ

Кучето Протео било така завикано во чест на Протеј, синот на Посејдон во грчката митологија. 

Како и многу други животни, така и Протео можел да предвиди природни непогоди, посебно земјотреси. Покрај него, во Турција дошле и стотина други кучиња од разни земји, со цел да помогнат во пронаоѓање живи лица под урнатините.

СПАСУВАЧКИТЕ КУЧИЊА СЕ ИСКЛУЧИТЕЛНО МНОГУ ВАЖНИ ВО ПОТРАГИ

Клучната улога на кучињата во спасувачките акции ја опишал и Американецот Марк Кампет кој дошол да помага во Турција.

„Може да приметите дека тие (кучињата) одат натаму-нваму. Како се приближуваат до местото, нивната зона на пребарување станува се помала и помала. Тие ги чувствуваат мирисите на другите луѓе и во умот меморираат кој им треба а кој не (во смисла кој е преживеан). Кучињата можат многу полесно да разликуваат живи и мртви. Тие можат да разликуваат мирис на некој кој бил на свеж воздух и некој кој подолго бил затворен“, вели експертот Марк Кампет.

Еден од другите херои е кучето Питер Пан. Тој спасувал животи во градот Адјаман на југо-истокот од Турција. Дошол со екипата од САД минатиот четврток. Тој ги нушка сите пукнатини и се завлекува во места кои се тешко достапни за човекот. Ако не нашол никој на едно место, тогаш оди понатаму и продолжува со потрагата. Американецот Кампет вели дека песот Петар Пан секогаш дава се од себе. 

„Секогаш ќе бидеме заедно и ќе си ги лечиме раните“

17 февруари 2023 - 10:52