„Секогаш ќе бидеме заедно и ќе си ги лечиме раните“

Трабзонспор е првиот турски клуб кој одигра фудбалски натпревар после катастрофалниот земјотрес во кој загинаа илјадници луѓе. Кореографијата и обединувањето го засенија мечот.

Турскиот шампион Трабзонспор го пречека Базел во меч од Конференциската лига кој почна многу емотивно и трогателно.

И покрај тоа што навивачките групи во Турција се големи фудбалски фанатици и постои големо ривалство, сепак тие го фрлија фудбалот во втор план и се обединија.

„Секогаш ќе бидеме заедно и ќе си ги лечиме раните“, гласеше пораката на кореoграфијата зад која заедно застанаа навивачи на Трабзонспор, Галатасарај, Фенербахче, Бешикташ...

На потресната кореографија прикажан е спасител со шлем како извлекува бебе од урнатините, како и куче трагач.

Турското првенство е во прекин, а неколку екипи се откажаа од сезоната. Вкупниот број на жртви во Турција и Сирија надмина 40.000.

Што се однесува до резултатот, Трабзонспор победи 1:0, а Енис Барди остана на клупа.

Голот на Јенс Страјгер Ларсен, вреден победа играчите го прославија со турското знаме.

 
17 февруари 2023 - 08:23