Краток прекин на меч во Букурешт, Романците скандираа: „Косово е Србија“

Натпреварот меѓу Романија и Косово во рамки од 6. квалификациско коло за Европско првенство беше прекинат во 23' минута откако домашните навивачи извадија парола: „Косово е Србија“ во боите на српското знаме после што гостинските фудбалери го напуштија теренот. По краток прекин мечот продолжи. Ведад Муричи доби црвен картон во 42' минута а Романија на крај победи 2:0.

Романија е една од петте земји од Европска Унија која не го признава Косово како независна држава. Романските навивачи редовно на сите дуели со Косово скандираат пароли за Србија поради што УЕФА во неколку наврати ги казни парично.

Пред неколку недели на мечот во Приштина, група романски навивачи биле протерани од стадионот на мечот Косово - Романија поради скандирања со слична тематика.

Голот на Станчиу за 1-0:

Валентин Михаила за конечни 2-0 во 90+3' минута:

Во групата И, Швајцарија е прва со 14 бода, Романија е втора со 12, Израел е трет со 11 и меѓу тие три селекции ќе се бараат двајца патници на Евро2024. Романците до крај ги чекаат дуели со Белорусија на гости, со Андора дома, со Израел и Швајцарија на гости.

12 септември 2023 - 23:25