Веќе собрал илјадници нови следбеници на своите профили на социјалните мрежи. А и пристојно заработува од сите кои се наоѓаат на плоштадите каде свири:
Андре Шнура студирал џез и саксофон во Холандија, а потоа и самиот станал професор по музичко во школо. Во последно време давал и часови онлајн. На неговиот Инстаграм профил има опис дека е „саксофонист за свадби и прослави“.
Репрезентацијата на Германија веќе обезбеди пласман во следната рунда, иако ремизираа 1-1 со Швајцарија и спасија бод со гол во судиско продолжение. Тоа значи дека и саксофонистот ќе ја продолжи својата авантура на Еуро2024.