И 1.400 километри ако треба

Поради страшни поплави предизвикани од непрекинати дождови, во јужен Бразил, во државата Рио Гранде до Сул, во Порто Алегре Во страшните поплави предизвикани од дождови од крајот на април и речиси цел мај, настрадале најмалку 169 лица, а 580.000 биле приморани да ги напуштат своите домови. Многу области се во застој.

Поплавите силно влијаеле и врз студентите чии универзитети биле поплавени а и врз фудбалските клубови кои не можеле да играат на поплавени стадиони. Така Гремио го пречекал боливиски Стронгест во 700 километри оддалечениот град Куритиба, на стадионот „Коута Переира“.

Без никаков проблем отишле илјадници навивачи на Гремио кои со се патот назад поминале 1.400 километри.

Со кореографија, со тапани, со сè:

Гремио славел 4-0 и на најдобар можен начин им се оддолжил на своите верни навивачи. Ова бил натпревар од Копа Либертадорес каде Гремио има 6 бода и е на трето место но и 2 меча помалку од лидерот Стронгест и еден натпревар помалку од второпласираниот Хуанчипато.

30 мај 2024 - 14:00