Нотингем претходно го урна Арсенал, а сега и Лестер и тоа со убедливи 4-1. Овој меч наречен и Дерби на источен Мидленд (разликата меѓу градовите е 45 километри) ќе се памети и по големи на теренот и надвор од стадионот кои ги предизвикаа гостинските навивачи.
Нотингем Форест ја почна сезоната со дури шест порази на седум меча. Освоија само еден бод и тоа пред крајот од мечот со Дерби Каунти. Следуваше отказ за менаџерот Крист Хјутон и за нов тренер беше промовиран Стив Купер.
Под палка на велшкиот стратег екипата се крена многу високо и сега сериозно претендира за влез во елитната Премиер лига. Притоа Нотингем Форест влезе во 1/8 финалето на ФА Купот каде ќе го чека уште една сензација - Хадерсфилд.