
Три автобуси со навивачи на Партизан биле испраќани како од фронт, со дури 25 полициски возила под полна опрема:
Инаку Нови Пазар игра одлична сезона и се бори за излез во еврокупови што би биле историски успех за овој клуб. До крајот на српската Супер лига има уште три кола а Нови Пазар е на 7-мо место со два бода помалку од позициите кои водат во квалификации за еврокупови.
Партизан на крајот од сезоната сигурно ќе биде втор. Шампион е Црвена звезда која ќе ја прослави осмата шампионска титула по ред а ќе игра и во финалето на Купот на Србија против Војводина.