До 80-та минута од мечот немаше голови а тогаш почна прав огномет. Прво со автогол на Сампсон Двех Спарта Прага поведе, а Викторија Плзен израмни во 87-ма минута преку Томаш Чори. И кога сите мислеа дека ќе се оди во продолженија, најдобриот фудбалер сезонава на Спарта Прага, Вељко Бирманчевиќ со гол во 90+1’ минута и донесе победа на екипата од главниот град.
Веднаш после тој момент на терен упаднаа хулигани од трибината на Плзен кои дојдоа до противничката трибина зад другиот гол и ги провоцираа навивачите на Спарта Прага.
Набрзо почна општ хаос и пресметка, а специјалната полиција ги раздвојуваше завојуваните страни:
Czech Cup final today. Viktoria Plzen vs Sparta Prague 🇨🇿🙈👊 pic.twitter.com/VjZe6tMCEN
— Football Fights (@footbalIfights) May 22, 2024
Дури и коментаторите биле погодени со столици:
Commentators attacked with a chair in the Czech Cup Final today 💺👊🇨🇿pic.twitter.com/TROlN2adwM
— Football Fights (@footbalIfights) May 22, 2024
22.05.2024🇨🇿Cup final, Plzeň - Sparta Praha, after match Plzeň attack on the pitch Sparta https://t.co/Fjy3xrmcco pic.twitter.com/IxbxCSCCb2
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) May 22, 2024