Навивачки виенски бал и бранови со светла од телефони имаше синоќа во Виена. А имаше и еден апокалиптичен момент со огромна нејасна дупка на сред терен:
Данецот Андреас Сков Олсен дури и се охрабрил да провери колку е длабоко:
Мечот од 2. коло на Лига Нации меѓу Австрија и Данска доцнеше дури час и половина поради тоа што на стадионот снемало струја. Средбата од Група 1 од Дивизија А на „Ернст Хапел“ во Виена требаше да почне од 20:45 но цел регион на Виена каде бил и стадионот снемал струја.
Околу 1.500 домаќинства останале без електрична енергија. Мечот започна со големо задоцнување и на крајот победија Данците 1-2.
Што се однесува до самиот меч, новиот селектор на Австрија кој пред неколку дена дојде од Манчестер Јунајтед, Ралф Рагник, по сензацијата која што ја направи во Хрватска со убедлив триумф 0:3 на гости, сега Австријците не можеа ништо со Данска која победи 1:2 со головите на Пјер-Емил Хојбјерг и Ларсен.