🇮🇹 Benito Mussolini’s great grandson Romano Mussolini scores the winning goal for Serie B side Juve Stabia.
— Keith Woods (@KeithWoodsYT) December 24, 2024
When the announcer calls out "Romano!" the fans celebrate with a collective Roman salute.
Wholesome. I think they would shut the league down if this happened in the UK. pic.twitter.com/SYVrsvvwjE
Романо Флориани Мусолини е инаку млад 21-годишен фудбалер којшто е син на Алесандра Мусолини, внука, директен потомок на Бенито Мусолини.
Младиот Романо Мусолини на себе носи тешко бреме со презимето од дедо му кој што се смета за основоположник на фашизмот.
Фудбалерот го носи името Романо на неговиот дедо кој бил едно од петте деца на некогашниот италијански диктатор кој ги имал уште и Еда Чиано, Бруно, Виторио и Ана Марија.
Романо Мусолини е син на поранешна италијанска европратеничка. Неговото целосно име и презиме според изводот од матично бил Романо Бенито Флориани Мусолини но тој веќе неколку години на дресот носи натпис Флоријани М. На тој начин сака да избегне од тешките приказни кои го следат од почетокот на кариерата.
Веќе и спортските коментатори го научиле како Флоријани М, а тој подоцна самиот побарал сепак на дресот да му стои Ф. Мусолини.
„Сите прашања поврзани со моето презиме не ме интересираат. Секогаш ќе има некакви судови но тоа нема ништо со мојот фудбалски живот и тоа мене не ми тежи. Мајка ми секогаш ми вика да останам мирен на она што луѓето го зборуваат и да си терам по свој пат“, рекол во едно интервју за Кориере дел Меѕоџорно.
Младиот Флоријани Мусолини досега играл за Кастелмаре ди Стабија (провинција кај Неапол). Игра како десно крило, крилен напаѓач. Почнал да тренира на најрана возраст во школата на Рома, но фудбалски созреал во академијата на Лацио. Во 2023-та година тогашниот тренер Маурицио Сари дури и го прекомандувал во првиот тим за мечот со романски Клуж во Конференциска Лига.
Во Јуве Стабија дошол сезонава на позајмица, а претходно играл и за Пексара во трета лига Серија Ц.