Битолска инвазија во Вараждин: Нека брани Николче, нека клава голови Кузмановски

Македонската ракометна репрезентација секогаш има голема поддршка од битолчани, кои во голем број допатуваа на Мундијалот. Најдоа време се разбира и за битолската кафе шема, која ја направија во Загреб.

Ден после прекрасната ракометна претстава во Вараждин, македонските навивачи на чело со Битолчани, заминаа на прошетка во Загреб кој е на само 90 км.

Посетија туристички знаменитости, хрватската влада, видоковецот, стариот Загреб и се напија кафе во загребските кафулиња, нешто што им е редовна шема на Широк сокак.

Следните планови им се како да им се помогне со навивање на ракометарите за да дојдат до нови бодови.

„Нерешеното и изгубениот бод против Унгарија не се забораваат, но ќе се заборави по победата. Одиме со оптимизам. Што се однесува пак до денешниот ден, одлично го поминавме во Загреб, а во Вараждин одиме на победа. Нека брани Николче, нека клава голови Кузмановски, нека се добри нашите, Пешевски, Костески, близнаците Атанасијевиќ и победата не ни “бега“, велат расположените битолски навивачи.

Целата сторија ја имате на bitolanews.mk

17 јануари 2025 - 13:36