Бирмингем уште од Пики Блајндерс не видел такви битанги

Во претпоследното коло од Лига Конференции, Легија Варшава гостуваше кај Астон Вила. Неколку стотици полски навивачи дошле од Варшава на гости во Бирмингем а после големи нереди надвор од стадионот каде се судриле со полицијата, не биле пуштени да влезат на трибините. Навивачите на Легија се озлогласени како едни од најголемите хулигани во Европа и каде и да одат се голем безбедносен ризик.

Наводно причина за гневот кај полските навивачи била одлуката на Астон Вила наместо загарантирани 1.700 карти, за гостите да дозволи само 890 влезници. Според правилникот на УЕФА, домаќинот е должен да одобри 5% од вкупниот капацитет на својот стадион.

Мечот на крај заврши 2-1 за Астон Вила. Премиерлигашот е прв на табела со 12 бода и оди во следна рунда а Легија Варшава има 9 бода и е на второ место. Трет во групата е АЗ Алкмар со 6 бода а Зрињски последен со 3 освоени бода.

1 декември 2023 - 09:41