Атмосферата на вечното белградско дерби

Црвена звезда и Партизан го одиграа 172. вечно белградско дерби. Трибините исполнети речиси до крај со исклучок на задолжителната тампон зона меѓу двете двете ривалски навивачки групи.

На табела Партизан е прв со 1 бод предност во однос на црвено-белите. Домаќинот прв поведе после многу шанси преку стоперот Спајиќ, но во финишот на првиот дел Партизан израмни со гол на најефикасниот стрелец во српската лига Бразилецот Матеуш Салдања (16 гола).

Во вториот дел обратно, гостите поведоа рано 1-2 преку Алдо Калулу а домаќините ги поставија конечните со гол на Шериф Ендијае 2:2.

Дербито помина со одлични кореографии и бакљади на северната и јужната трибина и без ниту најмал инцидент што е права реткост:

Головите и најинтересните моменти од дербито Звезда - Партизан:

 

11 март 2024 - 13:17