Уште кога во Нион се извлекоа куглите на ждрепката за квалификации за еврокупови, УЕФА во допис со клубовите одреди забрана за гостински навивачи на неколку натпревари. Први од нив беа паровите Динамо Загреб - АЕК Атина и Хајдук Сплит - ПАОК.
И покрај стрикната забрана за гостински навивачи за мечот вечерва во Атина, синоќа околу 200 навивачи на Динамо Загреб и Панатинаикос (во блиски пријателски односи се со години), решиле вооружени до заби да упаднат во Перисос, кварт каде се наоѓа новиот ултра модерен стадион на АЕК, „ОПАП Арена“.
Грчкиот портал прототема.гр објави и видео на кој Грк снима огромна колона од комбија и возила со хрватски регистерски таблички. Сајтот пишува и како е можно никој да не забележал „фаланга хрватски хулигани со избричени глави и во црно“ кои патуваат 1.400 километри кон Атина. „Како е можно никој да не ги сопре“? ниту од полицијата ниту да ги забележат на наплатните рампи.
Грчкиот портал Newsit пишува и дека хрватските навивачи смислено решиле да патуваат преку Албанија, за да не бидат осуетени од грчките служби.
@AEK_FC_OFFICIAL #aekfc pic.twitter.com/ljWuNUAQ7x
— Petros_Eut (@Petros_Eut) August 7, 2023
Се наведува и дека Бед Блу Бојс од Загреб се сретнале со навивачите на Панатинаикос на договорено место и заедно со метро излегле на станицата Пефкакиа од каде пешачеле до квартот Нова Филаделфија каде е стадионот на АЕК.
За кратко време со палки, бакљи и разни други тврди предмети рушеле сè што ќе им се најде на пат, вели очевидец на настаните од населбата Неа Филаделфија.
„Околу 22 часот продавницата ми беше до пола исполнета и некој дојде и ме предупреди. Еден навивач на АЕК ми кажа дека Хрватите набрзо ќе се спуштат. Ми кажа лека-полека да ги растерувам луѓето од тука“, вели очевидецот за грчка Прототема.
„После само десетина минута почнаа да палат. Околу 200-300 лица тргнаа и сè разрушија. На спуштањето кон улицата локалите почнаа да се празнат, навивачите се гаѓаа со столици и се сретнаа со 20-30 навивачи на АЕК.
Во судирите загинал и 29-годишен Грк за кого очевидецот вели дека „го пронашле со ножеви и крв околу себе“ а во крв бил уште еден млад Хрват во лоша состојба исто пред продавницата. 29-годишниот симпатизер на АЕК починал по повеќе убоди со нож. И покрај огромните напори на лекарите во болницата близу стадионот, тој им подлегнал на повредите.
„Беа раздивени, удираа сè и сешто што ќе им налеташе. Настанот траеше околу половина час. Беа диви, беа организирани“.
Во меѓувреме грчката полиција уапсила 98 лица од кои 87 Хрвати, еден Австриец, еден Босанец, еден Албанец, еден Германец и пет Грци, потешко повредени биле 8 лица од кои и еден 17-годишен Грк кој е во сериозна состојба, соопшти хрватската државна телевизија ХРТ.
Грчката полиција активно работи на расветлување на убиството и откривање на сторителот, а тамошната јавност се прашува како е можно и покрај толку најави и медиумски натписи за забраните, хрватските навивачи лесно да поминале толку многу граници до Атина без никаде да бидат сопрени од полициски пунктови и контроли.
Навивачите на АЕК веќе оставаат свеќи, цвеќиња, шалови и други реквизити на местото на трагичниот настан каде дваесет и две годишен навивач на грчкиот шампион бил убиен.
Мечот меѓу АЕК и Динамо З. се игра вечерва од 20:45 а во гостинскиот состав ќе биде и македонскиот репрезентативен бек Стефан Ристовски.